Атлетико Мадрид дојде до осмата победа во Ла Лига оваа сезона откако на домашен терен го совлада Елче со 2-0. Гостите издржаа едно полувреме, а потоа Жоао Феликс успеа да го отвори резултатот.
Претходно, Елче остана со фудбалер помалку во 45.минута по исклучувањето на Верду, а и Атлетико остана со десетмина во 53.минута кога втор жолт картон доби Хермосо.
Жоао Феликс на асистенција на Гризман погоди во 56.минута, а Алваро Мората во 74.минута го потврди триумфот.
Гостите во финишот останаа со девет фудбалери откако два жолти картони доби и Доминос Куина.