Кошаркарите на Далас на домашен терен го победија тимот на Хјустон со 129:114, со уште една одлична партија на словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ, кој забележа нов трипл-дабл. Две вечери откако постигна 60 поени, Дончиќ со својот осми трипл-дабл, 35 поени, 12 скока и 13 асистенции го предводеше Далас до петтата последователна победа.

https://twitter.com/ESPNNBA/status/1608676377242525699?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1608676377242525699%7Ctwgr%5E97673351d73207a164fd7058c0960db5a5d12d46%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fkosharka%2Fnba%2Fdonchikj-so-nov-istoriski-tripl-dabl-go-predvodeshe-dalas-do-pobeda-vo-teksashkiot-duel

Во редовите на Хјустон, кој беше поразен седмипат во последните осум натпревари, најдобри беа Џејлен Грин со 23 и Кевин Портер со 17 поени.

Кошаркарите на Бостон на домашен терен победија против Лос Анџелес Клиперс 116:110, предводени од Џејсон Тејтум и Џејлен Браун кои постигнаа по 29 поени.

Кошаркарите на Шарлот на домашен паркет беа подобри од Оклахома со 121:113 и со тоа ја постигнаа само третата победа во последните 14 натпревари. Хорнетс до победата ги предводеше Ламело Бол со 27 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Оклахома 121:113

Индијана – Кливленд 135:126

Бостон – ЛА Клиперс 116:110

Торонто – Мемфис 106:119

Сан Антонио – Њујорк 122:115

Далас – Хјустон 129:114