Кошаркарите на Канада забележаа победа на стартот од олимпискиот турнир во Париз. Во прекрасна атмосфера на стадионот во Лил, селекцијата на Канада ја оправда фаворитската улога против Грција и славеше со 79-86.
Грците, предводени од првата ѕвезда Јанис Адетокумбо, катастрофално го отворија натпреварот. Канада ги казнуваше сите грешки на противникот и по нешто повеќе од шест минути игра веќе имаше двоцифрена предност (7-19). Грција на пауза замина со минимална негатива од четири поени (22-26).
Сепак, Канада не дозволи позитивната серија на противникот да продолжи и одново ја презеде контролата на теренот, а со тоа и двоцифреното водство, со кое и заврши првото полувреме (38-48).
Јанис Адетокумпо и соиграчите во третиот квартал конечно одиграа нешто подобро и успеаја да ја намалат негативата на шест поени. Сепак, Канаѓаните брзо ги консолидираа своите редови, влегоа во нова серија и одново се изборија за убедлива предност (70-80). Но, ниту тоа не беше доволно за мирен финиш, бидејќи Јанис се разигра во вистински момент и Грција на една минута до крајот на средбата имаше четири поени негатива и напад. Сепак, Канада се одбрани од последниот налет на Грците и извојува сигурен триумф од 79-86.
Најпрецизни на паркетот беа Јанис Адетокумбо со 27 поени и Барет од Канада со 17 поени.