Динамо Загреб одигра многу храбро на гостувањето кај Баерн Минхен во Лигата на шампионите.
Гостите од Хрватска имаа голема негатива на полувремето од три гола, но успеаја за само една минута да направат блиц-криг и да се вратат резултатски во игра. Постигнааа два гола за 60 секунди и успеаја да ја вратат неизвесноста во натпреварот.
Херои на загрепскиот тим беа Петковиќ и Огивара, кои погодија двапати за нешто помалку од една минута. Но потоа следуваше вистинска канонада на баварците кои постигнаа уште шест голови за убедлива победа од 9-2.