Мароко ја направи голем подвиг на Мундијалот, бидејќи во осминафиналето ја елиминира фаворизираната Шпанија.
Многумина беа убедени дека Мароко ќе биде лесен залак за моќната Шпанија, но сериозно згрешиле. Сепак, имаше и такви кои веруваа дека храбрите Мароканци можат да направат чудо, а на еден млад наставник од Њујорк тоа одлично му се исплатеше.
Американецот уплатил дури 90.818 долари што Мароко ќе оди во четвртфинале и освоил над милион долари.
Тоа беше најголемиот облог во неговиот живот, а тој не знаел апсолутно ништо за Мароко.
„Не знам како се вика ниту еден играч“, призна младиот учител.
Тој едноставно имаше чувство дека Мароко може да ја помине Шпанија. Мислеше дека се потценети.
“Нема да лажам и да кажам дека знаев што правам. На крајот на денот, тоа беше облог што го добив на среќа. Јас сум само дегенерик”, признал тој.
Интересно, иако обложил цело богатство на тикетот, овој учител не го гледал натпреварот. Тој откри дека за време на натпреварот учел основци да играат одбојка.
„Го проверував телефонот од време на време, но не го гледав натпреварот“, изјави новопечениот милионер за Action Network.
Да потсетиме, Мароко денес во четврт-финалето ќе ги одмери силите со португалската репрезентација.