Хрватска е во полуфиналето на Светското првенство. Го исфрлија и Бразил, одиграа уште еден неверојатен натпревар и уште еднаш влегоа меѓу четирите најдобри светски репрезентации.
Вечерта по неговиот величенствен настап против Бразил, Златко Далиќ се појави пред новинарите и иако беше видно уморен,но не ја криеше гордоста.
„Гордост до небото, Хрватска е меѓу четирите во светот. Одлична ноќ за хрватскиот фудбал и народот, целиот свет повторно се восхитуваше на нашиот карактер и квалитет. Кога ќе го нокаутирате Бразил, треба да бидете среќни и горди. Уморен сум, но среќно уморен. Уживаме во овој момент, но не многу, веќе денеска стартуваат подготовките за Аргентина“.
Тоа беше уште еднаш победа на Давид над Голијат.
„Луѓето уживаа, повторно победи мала нација и луѓето се среќни. Телефонот е полн со пораки, немав време да ги гледам, но ви благодарам на сите. Покажавме карактер и навистина се бориме до последната капка пот и никогаш не се откажавме. Тоа е пораката што ја испративме, сè во животот е можно, ние ја повторуваме таа историја“.
Иако Хрватска играше продолженија, изведуваше пенали, во осминафиналето против Јапонија, против Бразил, тој наталожен замор не се почувствува.
„За нас победата ги поништува сите болки и напори во 120 минути. Вчера не се почувствуваа нашите 120 минути против Јапонија. Не моравме ни да се менуваме порано, сите можеа да играат. Ние сме многу добри во тој поглед, не можеме повеќе да размислуваме за тоа, нема откажување. Да бевме елиминирани во групата ќе преболевме, да бевме елиминирани и во осум, но сега треба да направиме се за да да стигнеме до нешто поголемо.Штета да не го направиме сега, нема ни да спомнуваме замор.Тактички одигравме одлично, го добивме Бразил на единствен можен начин, но не можеме само да размислуваме за тоа. Не чека мотивиран противник со армија навивачи, замор нема ни да спомнуваме“.
Хрватска не се предаде ниту откако Бразил поведе на крајот од првото продолжение.
“Верувавме во текот на целиот натпревар. Го знаевме квалитетот на Бразил и ако не ги неутрализираме ќе биде тешко. Затоа се подготвивме да бидеме дисциплинирани и таму завршивме одлична работа. Играчите не се предадоа, тие чувствуваа дека можат. Го засиливме нападот и тоа се покажа дека се исплатеше. Пред се, нашата дисциплина беше таа што одлучи“.
Хрватска добро го неутрализираше Меси во Русија, синоќа одлично го неутрализираше Нејмар во поголемиот дел од натпреварот, а сега повторно го чека Меси.
„Ќе направиме анализа, Ладиќ синоќа ја гледаше Аргентина. Одлуката беше Пашалиќ да стартува бидејќи добро работи во одбраната. Кога Нејмар ќе ја прими топката, тешко е да го запреме, но успеавме. Денеска ќе ја анализираме Аргентина и Меси, нема да го чуваме еден на еден, не беше така ни тогаш. Не трча многу, но кога ќе ја прими топката има полна енергија. Мора да се подготвиме добро, ако го повториме тоа што го направивме против Бразил и бидиме компактни, тогаш и тој нема да има простор“.
Сликите од прославите од Хрватска стигнаа до репрезентацијата.
„Ги добивме видеата, во Хрватска е студено, врне, а луѓето се на улица, замислете како лето е. Пред четири и пол години реков дека ќе биде тешко да се повтори истото, но сега тоа се повторува. Сите се со повторно репрезентацијата и тоа е убаво.Оштетени сме затоа што сме навикнати да играме пред 15 илјади наши навивачи, а тука се две илјади, фала им за тоа, веруваа, нека продолжат да веруваат“.
Поминаа пет години од доаѓањето на Далиќ на клупата, а за тоа време тој презеде многу неблагодарна улога.
„Поминаа пет години, тогаш беше неблагодарна ситуација, лоша атмосфера, празни стадиони, лоша клима, не можеш да играш во твојот град во Хрватска, беше навистина грдо. Тогаш размислував само за Украина, но јас знаев дека кога ќе ги преземам нештата дека ќе ја завршам работата.Верувам во својата работа и знаење и знаев дека ми треба време.Немаше премногу верба, но со текот на времето и научив, се поправив и стигнавме до каде ние сме.Им дадов доверба,слобода на играчите,тие ме прифатија иако понекогаш правев грешки,но се правев со најдобра намера.Кај мене никогаш немало комбинации,само тоа што го гледам.Благодарам на играчите и на персоналот и сите околу репрезентацијата.Јас не сум газда,никогаш не давам наредби,не ги проверувам собите,туку тие ги почитуваат правилата.Цеосно имам огромна доверба.Од друга страна таа верба која не води,тоа е нешто , тоа е врвот.Не сме арогантни,не потценуваме никого,ова е најсредената репрезентација на светот во однос на се.Да ми кажеше некој пред пет дена години дека ќе биде вака… Требаше сила да се помине сето ова“.
Посебна приказна е Јосип Јурановиќ, кој пред пет години беше анонимен играч кој се бореше за договор.
„Во животот добиваш шанса. Секој ја добива, некој ја користи, некој не. Искористува тој кој е вреден и чесен, тоа што направи Јура, таков чекор напред, што беше најдобар против Бразил , е пример дека може.Него никој не го туркаше,ама се бореше сам , бил без договор и се борел за ова.Кај нас 6-7 играчи не одиграа ниту една минута,тешко ми е и знам како им е, но не покажаа ни секунда немир и незадоволство, сите заслужија да бидат тука и само така можеме да бидеме меѓу првите четири во светот“.
Стрелец беше Бруно Петковиќ, а Доминик Ливаковиќ уште еднаш со одлични одбрани ја спаси Хрватска.
„Имам четворица напаѓачи и секој има своја карактеристика. Бруно влезе и не играше добро, загуби многу топки, се обидуваше, но не беше на своето ниво, но на крајот постигна гол.Тоа го баравме од него и се што беше претходно падна во вода.Подобар е таков отколку кога ќе дојде на својата половина и ќе игра плејмејкер.Кога ќе даде гол се заборава на се.Доминик имаше тешки моменти , изгуби самодоверба,не бранеше против Малта и Русија затоа што не беше добар.Тој го сфати тоа како поддршка,тешко му беше, Лука разговараше со него и тоа беше за негово добро.Разбра и тоа е најдобар начин .
Аргентина е тежок, но не и непобедлив противник.
„Ќе ја анализираме Аргентина, тие се полни со мотивација, ја чекаат светската титула, сега слават поради испаѓањето на Бразил, но ни претстои многу тешка работа, особено во контекст на Светското првенство од пред четири години.Меси уште е главен,другите се менуваат,имаат помлади играчи,се ќе зависи од нас.Вчера водеа 2:0 и дојдоа до 2:2,што значи дека се ранливи,ќе имаме да вложиме добар напор“.