Благоја Милевски, селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, го одреди стартниот состав за натпреварот против Германија во рамки на квалификациите за Светското првенство (СП) кое во 2022 година ќе се игра во Катар.
Од претходниот натпревар против Лихтенштајн, во стартниот тим има три промени. На стоперската позиција се враќа Висар Муслиу кој беше суспендиран поради жолти картони, додека во нападот на местото на Милан Ристовски ќе игра Адис Јаховиќ кој доби поштеда во Вадуц поради закана од суспензија ако пожолти. Исто така новитет е Тихомир Костадинов, на местото на Александар Трајковски.
МАКЕДОНИЈА (4-3-3): Димитриевски; Ристовски (капитен), Муслиу, Велковски, Алиоски; Адеми, Спировски, Костадинов; Елмас, Јаховиќ, Чурлинов
За Германија ќе стартува капитенот Намуел Нојер, додека Рудигер нема да биде во почетниот тим.
ГЕРМАНИЈА (4-2-3-1): Нојер; Клостерман, Зуле, Керер, Раум; Кимих, Горецка; Гнабри, Милер, Хаверц; Вернер
Натпреварот меѓу Македонија и Германија се игра на Арената „Тодор Проески“ и стартува од 20:45 часот.