Гранада направи чекор поблизу до опстанокот во Ла Лига со втората победа во низа, откако вечерва со 1-0 на домашен терен го победи Атлетик Билбао, па сега овој клуб избега од црвената зона на пет бода со меч повеќе од Мајорка, а шест од Леванте пред завршните две кола во сезонава.
Алекс Коладо во 35-та минута ја погоди мрежата на Баскијците за големи три бода за Гранада, ВАР им поништи гол во 95-та на домаќините, па дирекот во 98-та им беше сојузник за да не останат без победа при шутот на Раул Гарсија, по што Гранада фати победнички ритам во оваа жестока битка за спас, па сега Мајорка, Леванте и Кадиз, кој е прв над опасната зона се на потег во ова вонредно 36-то коло, но трите ривали на Гранада ги очекуваат исклучително тешки мечви.
Мајорка утре гостува кај Севилја, која бара заверка на пласман во ЛШ, Кадиз гостува во Сан Себастијан кај Реал Сосиедад, а Леванте со Барди одат на „Сантјаго Бернабеу“ кај првакот Реал Мадрид во задутрешните мечеви. И ако никој од овие три ривали на Гранада не освојат бодови, тогаш вечерашниот примералигаш ќе биде близу до заверка на опстанокот.
Гранада има уште мечеви кај Бетис и дома со Еспањол, Кадиз има меч со Реал Мадрид и дуел со Алавес, Мајорка ја чекаат пресметки со Рајо Валјекано и Осасуна, а Леванте го чекаат пресметки со Алавес и Рајо Валјекано.