Фудбалерот на Барселона, Роналд Араухо, кој вчера ги преплаши сите на „Камп Ноу“ откако се онесвести е пуштен дома после комплетните тестови што во болница му беа направени откако беше пренесен со брза помош.

Барселона синоќа објави дека Араухо има потрес на мозокот по што бил однесен во болница на детални прегледи, а откако сите тие прегледи ги поминал сега е пуштен на домашно лекување.

Бекот на Барселона се онесвести момент откако се судри со глава со својот соиграч Гави.