Серхио Бускетс ја напушта Барселона на крајот од сезоната. Tој воопшто нема да преговара за нов договор со клубот и ќе се пресели во Интер Мајами, тврди каталонски „Спорт“. Негова следна дестинација ќе биде МЛС – лигата на САД.
„На крајот на сезоната капитенот на Барселона ќе ја прифати понудата на Интер Мајами и ќе заигра во МЛС-лигата. На 34 години е подготвен за нова авантура преку Атлантикот. Постои можност тренерот Чави да се обиде да го убеди својот пријател и капитен на тимот да остане уште една сезона, но ќе биде многу тешко да ја промени неговата одлука“, пишува каталонскиот „Спорт“.
Бускетс дебитираше за Барселона во 2008 година. Со каталонскиот клуб освои 30 трофеи и е трет најтрофеен фудбалер по Лионел Меси (35 трофеи) и Андрес Иниеста (32 трофеи).
За Барселона одигра 684 натпревари и постигна 18 гола со 43 асистенции.