Аргентина ја освои титулата на Копа Америка. Со овој трофеј „гаучоисите“ се најтрофејни на континентот и имаат шеснаесет, една титула повеќе од Уругвај. Во груб фудбалски натпревар во финалето во Мајами, Аргентина ја совлада Колумбија со минимални 1-0, дури по продолженија. Победоносниот гол го постигна Лаутаро Мартинез а Лионел Меси, беше повреден и побара замена во вториот дел и остана во солзи на клупата.

Дуелот доцнеше повеќе од еден час заради големи пропусти во организацијата, навивачки инциденти и драматични сцени. А на теренот беше драматично. Агресивната игра од двете страни, посебно од Колумбијците, ја премина границата. Колумбија преку Кордоба ја имаше првата шанса во финалето, но сепак бранителот на трофејот ја имаше топката повеќе и се закануваше со удари од далечина.Моментот по кој ќе се памети ова здодевно финале се случи во 66. минута. Меси побара замена и драматично заплака на клупата, откако потече неговиот зглоб од ногата. Нико Гонзалез влезе во игра и Аргентина продолжи да притиска. Моментот на одлука сепак дојде во продолжувањага. Лаутаро Мартинез им побегна на дефанзивците и го совлада колумбискиот голман Варгас. Овој натпревар беше последен во кариерата во националниот дрес за Анхел ди Марија.

 

Скромниот спектакл на теренот во Мајами го збогати Шакира со мини-концерт од дваесеттина минути на полувремето од натпреварот.