Кралот на Саудиска Арабија, Салман Бин Салман објави дека утре е празник во оваа земја, откако фудбалската репрезентација денеска приреди светска сензација со победата со 2-1 против фаворитот и двоен светски првак Аргентина.
Бин Салман објавил дека утре е национален празник за да се прослави големата победа против големиот фаворит, една од најголемите сензации во историјата на Мундијалите и еден голем чекор за „аутсајдерот“ во битката да обезбеди и осминафинале во Катар.
Саудијците направија сензација со два гола на почетокот на второто полувреме, откако Аргентина имаше водство до паузата, па потоа со цврста и агресивна игра успеаа да ја задржат предноста и да направат голема сензација.