Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година одигра 1-1 против Србија на пријателскиот натпревар што се одигра на Кипар. Претходно, избраниците на Драган Канатларовски одиграа идентично 1-1 и против домаќинот Кипар на првиот тест.
Берат Калкан беше стрелец на голот за македонскиот национален тим и донесе водство, а Србија израмни од пенал што го реализираше Митровиќ.