Новата сезона во Серија А започнува денес, со четири средби од првото коло а за нас најинтересен на саботните дуели ќе биде мечот во Милано меѓу Интер и Џенова.
Горан Пандев со Џенова гостува на „Џузепе Меаца“, за поранешниот македонски репрезентативец ова е повторно враќање на местото на успехот, каде со Интер освои сè што можеше да се освои низ настапите за миланскиот калчолигаш во периодот од 2009 до 2012 година.
Како професионален фудбалер, Пандев ќе ја одигра својата 18. сезона во Серија А, досега во Италија запиша настап на 473 натпревари и постигнати 101 гол.