Џиџи Буфон (43) е повторно помеѓу стативите на Парма после 20 години или точно 7369 дена, откако бранеше последен пат за млекарите. Толку време помина од натпреварот со Рома на 17 јуни 2001 година до овој против Фросиноне во првото коло од Серија Б (2: 2).
Буфон веднаш по споменатиот натпревар пред 20 години се пресели во Јувентус за 53 милиони евра како најскап голман во историјата и најскап фудбалер на Јувентус досега.
Враќањето на националниот херој и еден од најдобрите голмани во светот на сите времиња во домашниот клуб предизвика големо внимание во Италија и, иако натпреварот не се одигра во Парма, се беше во знакот на Џиџи.
https://www.youtube.com/watch?v=twG3jWxU2kI