Фудбалскиот свет остана шокиран од фотографиите на загрижениот Серхио Агуеро како седи на тревникот, станува и се фаќа за гради додека излегуваше од теренот. Тоа беше само петти настап на одличниот напаѓач во дресот на Барселона, воедно и последен. По средбата со Алавес, Агуеро дозна дека има проблеми со срцевата аритмија и иако од Барса потврдија дека може да се врати за три месеци дополнителните тестови го потврдија најлошото.
Агуеро следната недела треба да присуствува на прес-конференција и официјално да го потврди своето заминување од фудбалот. По 15 години светска доминација и пет титули во Премиер лигата, откако стана најдобар стрелец во историјата на Манчестер Сити, Агуеро заминува во пензија. Проблемот со срцевата аритмија, сепак, беше нерешлив и премногу опасен за да го загрози сопственото здравје со продолжување на кариерата.
Беше јули 2011. Фудбалскиот пазар сè уште не беше под инфлација, па таков врвен играч чинеше само 40 милиони евра колку што му плати Манчестер Сити на Атлетико Мадрид. Што тогаш беше рекорд за клубот од Етихад. Се друго е историја.
Во осум сезони на Етихад, тој стана најдобар стрелец на Манчестер Сити во историјата. Постигна 239 пати на 345 натпревари, но дефинитивно најзапаметено е, напишано со златни букви и запаметено, оној од неговата прва сезона. Се одигра последното коло во Премиер лигата, се играше и судиското продолжение, а во 94. минута постигна гол против КПР, со што Сити ја освои титулата по 44 години. Црвениот дел од Манчестер пукна во солзи.
Приказната за него започна во 1988 година во Килмес. Неговата мајка, тогаш 20-годишната Адријана Агуеро, била во ризична фаза од бременоста загрозена од најлошото сценарио. Меѓутоа во обидот да ја породат лекарите ја скршиле клучната коска на малото момче.
Денес целиот свет го знае како Кун. И тоа е интересна приказна во која заслугата е на комшијата. Малиот Агуеро, кој тогаш имал пет години, по цел ден ја гледал јапонското анимирана серија Wanpaku Omukashi Kumu Kumu.
Својата професионална фудбалска приказна ја започна во Индепендиенте, каде што дебитираше на 15-годишна возраст, станувајќи најмладиот дебитант досега во аргентинската лига.
На 18 години отиде во Атлетико Мадрид и тоа беше во 2006 година, кој како и Сити, тогаш постави клупски рекорд со 21,7 милиони евра. Набрзо преку репрезентацијата воспостави големо пријателство со Лионел Меси, кого во својата автобиографија „Роден за воскреснување“ го нарече својот брат и кој му беше кум откако се ожени со ќерката на Диего Марадона, Џанина. Се разведе по четири години брак во 2012 година.
Плод на таа врска е Бенџамин, кој сега има 10 години, а Марадона никогаш не ја одобрил нивната врска.
– Тој е слаб. Не сакам ни да го спомнам неговото име – изјави легендарниот Аргентинец пред неколку години.
Моментално е во врска со во врска со 22-годишната манекенка Софија Калзети.