Екипата на аргентинскиот Ривер Плејт дојде до трите бода во пресметката со Сармиенто (1-0) во првата лига на Аргентина, а за тоа беше заслужен новиот бисер на клубот Франко Мастантуоно.
Франко има само 16 години и веќе го „ловат“ европските гиганти, а дека се работи за играч со голем потенцијал потврди против Сармиенто каде постигна маестрален гол од слободен удар во 87 минута.
Со овој потег тој го запали „Монументал“, но и го расплака тренерот Мартин Демикелис за кого ова беше последен меч на функцијата.
https://twitter.com/i/status/1817766391308501093
https://twitter.com/i/status/1817722536089550910