Селекцијата на Словенија со 31-29 ја победи Хрватска на Олимписките игри во дуел кој го судеа македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
По поразот од Шпанија во првото коло, денеска Словенија забележа триумф над Хрватска која во овој меч влезе по драматичната победа над Јапонија.
Хрватите имаа фуриозен старт на мечот, поведоа со 5-1, постојано имаа предност во првиот дел, но како одминуваше времето позитивата им се топеше, на одморот се замина со нерешени 13-13.
Во втората половина од вториот дел Словенија го реши победникот на мечот, се одлепија, имаа предност и од највисоки 30-25 кои им беа доволни за мирен финиш и триумф од 31-29.
Влах со осум и Јанц со шест гола беа најдобри поединци кај Словенија, додека за Хрватска се истакна Шоштариќ со пет голови. Балканското дерби го судеа нашите најдобри арбитри Славе Николов и Драган Начевски и својата задача ја извршија перфектно.