Жолто-црвените почнаа со триумф против Ирска (73-63), потоа ја совладаа БиХ (99-87) за синоќа да бидат подобри од одличната Чешка (94-86) во меч во кој беа видено многу поени, но и атракции во изведба на нашите тинејџери. Убедливо најатрактивен беше потегот на Стефан Стојковиќ, кој по еден брз контранапад ја заби топката и тоа преку противнички кошаркар, што предизвика еуфорија кај присутните во салата.
Денеска е ден за одмор на второлигашкото првенство во Скопје, по што нашите кошаркари ќе ги одиграат последните два меча од групната фаза и тоа утре против Кипар и задутре против Украина.