Салата на грчкиот кошаркарски тим АЕК во иднина ќе го носи името на прерано починатиот српски кошаркар Стеван Јеловац, објавија денеска медиумите од јужното соседство.

Досегашната арена „Ано Лоиса“ од денеска ќе биде позната според поранешниот српски репрезентативец, од чија смрт мина нешто помалку од една година. Јеловац почина од последици на мозочен удар, кој го имаше тренинг на АЕК три недели пред смртта. Станува збор за поранешен кошаркар на Ц. Звезда, Казерта, Литвос Ритас, Сарагоса, Нижни Новгород и Бамберг.

 

Грчкиот прволигаш кон крајот на минатата година го повлекоа од употреба неговиот дрес со број 13, а со овој гест само потврдија колку го ценат српскиот кошаркар.