Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ потешко од очекувањата дојде до воведната победа на турнирот во Париз, каде што од позиција на шести носител ја брка седмата титула.
Тој на стартот беше подобар од Американецот Максим Креси (7-6, 6-4), во меч со само еден брејк и тоа во претпоследниот гем од средбата. Првиот сет беше неизвесен до крајот, поради што мораше да се игра тај-брејк, во кој до израз дојде поголемиот квалитет на Србинот (7-1).
Следен противник за Ѓоковиќ ќе биде подобриот од дуелот Карен Хачанов и Марк-Андреа Хеслер.