Вечерва започнуваат возбудувањата од последниот овосезонски Грен слем. Трофејот од турнирот во Њујорк е престиж за секој тенисер, а оваа година терените на „Артур Еш“ ќе бидат без учеството на великаните – Роџер Федерер и Рафаел Надал.
Ѓоковиќ се наметнува како прв фаворит, а откажувањето на минатогодишниот победник Доминик Тим дополнително му ја олеснува задачата да стигне до тронот.
Со исклучок на неуспешниот настап на ЛОИ Токио, оваа сезона србинот е незапирлив и ги меле сите противници со кои ќе се соочи. Како најголема закана може да се смета германскиот тенисер и олиписки шампион Александар Зверев кој го запре Ѓоковиќ во полуфиналето на олимпикските игри.
Доколку Новак го освои турнирот ќе ги комплетира сите 4 од оваа сезона (претходно ги освои Австралија, Ролан Гарос и Вимблдон) и ќе стане тенисер со најмногу освоени грен слем титули, дури 21.
Походот на Ноле започнува во среда рано наутро 1:00 против данскиот тенисер Руне кој е 145ти на АТП листата.