Босанската тенисерка Нефиса Берберовиќ направи огромно изненадување победувајќи ја Слоун Стивенс на турнирот во Стразбур.
22-годишната Тузланка, моментално 306-та во светот, дојде до победата по голем пресврт, за нешто помалку од два часа игра, во сетови – 2:6, 6:4, 6:1.
Ова беше најголемата победа во кариерата на Берберовиќ, која во второто коло на Стразбур ќе игра против подобрата од пресметката Јуван-Глушко.
Интересно е и тоа што Берберовиќ по серија од пет порази ја совлада Стивенс, додека Американката, шампионка на УС Опен во 2017 година, го забележа петтиот неуспех во низа.