Фудбалерите на Партизан, наместо во 16 часот и 30 минути, поради дојава за бомба во трговскиот центар „Стадион“, во 20 часот и 30 минути ќе играат против Вождовац.
Натпреварот имаше бурна „предигра“, бидејќи, прво, црно-белите излегоа со остра изјава во која го критикуваа судењето на мечот Напредак – Црвена звезда, а потоа имаше дојава за бомба во трговскиот центар.
Црно-белите се под императив победа бидејќи заостануваат пет бода зад лидерот Црвена звезда, па доколку не слават на „покривот“, титулата останува на „Рајко Митиќ“.
Резултатите од оваа сезона покажуваат дека „гробари“ не треба да се плашат бидејќи Партизан на претходните два меча беше убедлив со 4:0 во Хумска и 3:0 на „покривот“.