Килијан Мбапе ќе стане нов играч на Реал Мадрид ова лето. Ова пред неколку месеци го објави германски Билд, а денеска го потврди и шпанска Марка, медиумот кој е најблизок до Реал во Шпанија. Во последните недели многу се пишуваше дека ПСЖ може да го убеди Мбапе да остане, но сега е јасно дека ништо од тоа нема да се случи.
Покрај тоа што Марка го најави неговото доаѓање, италијанскиот стручњак за трансфери Николо Скира денеска ги објави деталите од договорот што Мбапе ќе го потпише со Реал веднаш штом ќе му истече актуелниот договор со ПСЖ. Тој ќе стане најплатен играч на мадридскиот тим, ќе има четири пати поголема плата од Лука Модриќ кој моментално заработува околу 10 милиони евра годишно.
Според Шира, Мбапе ќе потпише договор до 2027 година за годишна плата од 40 милиони евра. Фиксни се 30 милиони евра, а десет ќе добие доколку ги оствари договорените бонуси за учинок. Тоа значи дека во текот на договорот би можел да заработи 240 милиони евра.