Матеус беше аналитичар во „Скај спортс Германија“ за вчерашниот дуел меѓу Шалке и Баерн Минхен, кој Баварците го добија со 2-0. Мечот беше посебен поради тоа што беше јубилеен, стоти за Мусијала за Баерн во сите натпреварувања, а тој го прослави со асистенции за двата погодока.
По натпреварот, Матеус зборувал за него со одушевување, велејќи дека момчето е како Лионел Меси.
„Тој едноставно нè забавува. Ова е Холивуд. Сакам постојано да го гледам на теренот. ова што го прикажува е магија. Тој е на ниво на Меси, Мусијала никогаш не смее да го напушти Баерн“, изјавил Матеус.
Тоа го покренало прашањето колку смета дека би чинел, ако сега некој сака да го купи од Баерн.
„Би рекол, четврт милијарда евра. Меѓутоа, тој не е на продажба. Тој мора да остане во Баерн“, додаде Матеус.
Мусијала има извонредна сезона, со 12 гола и 10 аситеннции на 22 меча во сите натпреварувања за Баерн, па затоа не е изненадување што е повикан и во германската репрезентација oд селекторот Ханси Флик, за СП во Катар.