Норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд се покажа како полн погодок за Манчестер сити, а тоа го покажа и вечерва против Копенхаген (5-0), откако постигна два гола во убедливата победа на англискиот шампион.

Интересно е тоа што извонредниот Халанд постигна 28 гола во 22 меча во Лигата на шампиони (ЛШ), односно во просек постигнува по 1,27 гола на натпревар, а тоа е подобро од 98 тимови во елитното натпреварување, кои имаат полош просек на постигнати голови.