Манчестер јунајтед славеше со пресврт на гостувањето кај Омонија во рамки на 3.коло во Лигата на Европа.

„Црвените ѓаволи“ до триумфот дојдоа со пресврт во второто полувреме откако Кипраните поведоа со голот на Ансарифард во 34.минута. Во вториот дел во игра влегоа Маркус Рашфорд и Ентони Марсијал, кои донесоа пресврт. Англичанецот постигна два гола, а Французинот еден за водство од 1-3. Панајоту погоди за Омонија во 85.минута за да ја врати неизвесноста, но Јунајтед не потклекна.

Црвена Звезда дојде до убедлива победа од 4-1 против Ференцварош во групата Х и сериозно ги зголеми своите шанси за прогрес во осминафиналето. Белграѓани имаа водство од 4-0 со двата гола на Канга, Митровиќ и Катаи. Гостите само го ублажија поразот на стадионот „Рајко Митиќ“ во 71.минута преку Закариесен.

 

 

 

 

 

Лацио како гостин не успеа да го скрши отпорот на Штурм Грац, а ПСВ стигна до убедлива победа од 5-1 на гостувањето кај Цирих.

Енис Барди беше во првиот тим на Трабзонспор, кој загуби со 3-1 на гостувањето кај Монако. Турците останаа со играч помалку уште во 11.минута, кога напаѓачот Макси Гомез доби директен црвен картон. Нашиот репрезентативец играше до 82.минута од натпреварот.

ЛИГА НА ЕВРОПА РЕЗУЛТАТИ
3.КОЛО

ГРУПА А
ЦИРИХ – ПСВ 1-5

ГРУПА Ц
ХЈК – ЛУДОГОРЕЦ 1-1

ГРУПА Д
МАЛМЕ – УНИОН Б. (во тек)

ГРУПА Е
ОМОНИЈА – МАНЧЕСТЕР Ј. 1-3
ШЕРИФ – РЕАЛ СОСИЕДАД 0-2

ГРУПА Ф
ШТУРМ – ЛАЦИО 0-0

ГРУПА Х
МОНАКО – ТРАБЗОНСПОР 3-1
ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – ФЕРЕНЦВАРОШ 4-1