Мајката на Кристијано Роналдо, Долорес откри дека очекува нејзиниот син да исполни една од нејзините желби „пред да умре“. Португалскиот ас неодамна и забрани на мајка си да доаѓа на неговите натпревари бидејќи е премногу нервозна.
Долорес е голем обожавател на Спортинг и затоа имаше порака до Кристијано.
– Роналдо мора да се врати во Спортинг, тој би се вратил тука заради мене – започна Долорес, пренесува португалски „Рекорд“.
– Веќе му реков „Сине, пред да умрам, сакам да те видам повторно во Спортинг“.