Селта Виго го победи Бетис со 2-0 во 19. коло од Ла Лига, а главен херој за победата беше напаѓачот Иаго Аспас.

Искусниот офанзивец погоди во 36. минута од пенал и во втората минута од судиското продолжение од првото полувреме за конечни 2:0 на гостите.

Во 36. минута Аспас воодушеви со гестот. Откако постигна гол од пенал за водство на Селта не славеше туку тргна да го прегрне домашниот голман Руи Силва. Аспас отиде да го утеши Силва, чиј татко неодамна почина.

https://twitter.com/tjcope/status/1477708159234019335?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1477708159234019335%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fzabio-je-iz-penala-i-nije-slavio-otisao-je-do-protivnickog-vratara-i-odusevio-gestom%2F2329777.aspx

Сите играчи на Бетис на натпреварот носеа маица под дресовите во чест на починатиот татко на Руи, а пред натпреварот беше оддадено едноминутно молчење.