Далас маверикс ја прекина серијата од 11 победи по ред на Мемфис гризлис откако славеше со 112:85. Вообичаено, најзаслужен за победата на Далас која е 23 во сезоната беше Лука Дончиќ кој оствари трипл-дабл од 27 поени, 12 скокови и 10 асистенции за 32 минути поминати на теренот.
Ова беше 40 трипл-дабл во кариерата на Дончиќ, а интересно е што во историјата на Далас, играчи само 80 пати оствариле трипл-дабл учинок и половина од нив се на словенечкиот кошаркар.