Коби Брајант остави голема трага во кошаркарата, па затоа неговата трагична смрт погоди многумина кои едноставно се уште не можат да поверуваат дека повеќе го нема на овој свет.
Тој многу недостасува, а најдобар доказ за тоа е тврдењето на неговиот поранешн соиграч, колега од Лос Анџелес Лејкерс и воедно пријател Ламар Одом. Одом кој во кариерата и животот имаше доста подеми и падови тврди дека разговара со Коби во сон.
-Ми доаѓа во сон. Цело време зборува со мене. Издражи, продолжи да се бориш. Има многу срања.
-Неговиот дух е толку силен. Чувствувам дека не е далеку. Особено кога сонувате за некој со кој разговарате во вашите соништа, дефинитивно се сеќавате на тоа, -истакнал Одом за „ТМЗ Спорт“.
Ламар освои две шампионски титули во кариерата и тоа двете со Коби во Лејкерс.