Кошаркарската репрезентација на Македонија нема да смета на кошаркарот на Пелистер Стојан Ѓуровски во февруарските квалификации за СП 2023 година. Ѓуровски ќе отсуствува два месеци затоа што е повреден во тепачката во Маврово со што ќе биде во аут и од тренинзи, а ќе ги пропушти и дуелите со Грузија дома и во гости.
Инаку тепачката во која Ѓуровски го извлече најдебелиот крај била масовна и настанала поради недоразбирање за чиј е редот на ски лифтот. Потоа државјани од Косово се судриле со Ѓуровски кој бил во друштво со уште тројца другари.
Ниското крило оперораше раката и сега се чувствува добро, но ќе мора да мине низ подолг период на рехабилитација за да се врати во потребната форма.