Петра Влхова е победничка во слаломот на Сљеме! Словачката победата ја однесе во многу тешки услови со половина секунда предност пред Микаел Шифрин, а пласман на кариерата оствари Леона Поповиќ од Хрватска која за првпат влезе во Топ 10 и заврши на седмата позиција .
Петра Влхова третпат по ред славеше на Сљеме. Словачката е доминантна сезонава, ова беше петти слалом, а Влхова има четири победи и едно второ место.
Одлична втора беше Микаела Шифрин, иако во Загреб пристигна без тренинг поради позитивен тест на коронавирус, но тоа не ја спречи и кога во второто возење влезе во финишот со огромна предност пред дотогаш водечката Катарина Лиенсбергер, се чинеше дека таа може да ја победи Влхова.
Сепак, Словачката ги избегна сите замки на патеката и со одлично второ возење влезе во финишот со половина секунда предност пред Шифрин.
Треба да се истакне и третопласираната Австријка Лиенсбергер, која имаше голема грешка на патеката, но во долниот дел сепак беше убедливо најдобра и заврши на подиумот.
Машкиот слалом е закажан за утре, а на организаторите им претстои непроспиена ноќ. Патеката е оштетена, ќе треба да се оспособи за да издржи уште две трки.
Слалом, Сљеме :
1. Петра Влхова (Словачка) 1: 56,99
2. Микаела Шифрин (САД) +0,50
3. Катарина Лиенсбергер (Австрија) +2.11
4. Венди Холденер (Швајцарија) +2,36
5. Али Нулмајер (Канада) +2,58
6. Катарина Галхубер (Австрија) +3.00
7. Леона Поповиќ (Хрватска) +3.05
8. Ана Буцик (Словенија) +3,26
9. Марија Тереза Твиберг (Норвешка) +3,27
10. Мишел Гисин (Швајцарија) +3,28