Словенечкиот кошаркарски клуб Цедевита Олимпија е казнет со 15.100 евра поради бизарен пропуст на неодамнешниот натпревар против Партизан, кога меѓу фрлените предмети на теренот се најде и кеса со интегрални бисквити.
Во 24. коло од АБА лигата, Цедевита Олимпија во неизвесен финиш го совлада Партизан со 81:79 и со тоа ја продолжи борбата за третото место во регионалното натпреварување со екипата на Будуќност, додека Партизан речиси сигурно ќе го заврши регуларниот дел од сезоната во второ место.
Партизан моментално има скор од 20 победи и четири порази, додека Цедевита Олимпија има скор 16:7.