Сакраменто Кингс извојува голема победа над Денвер Нагетс со 102-98 и вторпат во последните пет дена го совладаа актуелниот НБА шампион.

Сакраменто заостануваше во поголемиот дел од натпреварот, губеше со 16 поени разлика, но на крајот победи благодарение на Дajрон Фокс, кој постигна 30 поени со по осум скока и асистенции, и Домантас Сабонис, со 20 поени и 13 скока.

Арон Гордон беше најдобар кај Денвер со 25 поени и 15 скока. Невообичаено лоша вечер имаше српскиот центар Никола Јокиќ кој промаши 11 од 17 шута и дуелот го заврши со 15 поени.

Кошаркарите на Шарлот беа подобри од Атланта со 122-99 на свој терен и со тоа го забележаа третиот триумф во низа.

Најефикасни во победничкиот тим беа Брендон Милер со 26 и Тре Ман со 21 поен, додека за Атланта најдобар беше Деандре Хантер со 21 поен.

Далас го совлада Сан Антонио со 116-93, со 34 поени на Кајри Ирвинг и 27 на Лука Дончиќ, а Лос Анџелес Лејкерс ја победи Јута со 138-122, додека Бостон беше убедлив против Бруклин со 136-85.