Кристијано Роналдо пред 10 дена го прослави 39-тиот роденден, но годините не се пречка за Португалецот се уште да биде главна виолина во тимот за којшто игра. Роналдо синоќа беше стрелец на единствениот гол за победа на Ал-Наср во првиот меч од осминафиналето на азиската Лига на шампиони против Ал-Феиха.
По постигнувањето на голот, Роналдо тргна да прославува, но наместо неговиот препознатлив стил со скокање и вртење, овојпат Португалецот реши малку поинаку да прослави. Кристијано само скокна високо, а потоа ги стави рацете на градите како самиот да се прегрнува.