Екипата на Абердин освои бод против Мадервил (3-3), иако во еден момент од натпреварот губеше со 0-3, но тренерот Нил Ворнок смета дека ВАР-технологијата влијаела врз конечниот резултат.
Абердин, тимот на македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски, на чудесен начин се спаси од пораз на трилер мечот дома против Мадервел, 3:3, во Премиер лигата на Шкотска.
По 26 минути игра гостите поводеа со 3:0, и се чинеше дека победникот веќе е познат. Но по двете измени што ги направи менаџерот Нил Ворник, домашните се созедоа и во следните 10-на минути намалија на 2:3. На почетокот од вториот дел, во 50-та минута, израмнија на конечни 3:3.
Македонскиот напаѓач Бојан Миовски постигна гол за 4-3, но ВАР-технологијата го поништи голот, иако нацрта линии кои не покажуваат дека голгетерот бил во недозволена ситуација.
„Не може да ми кажете дека е офсајд. Ги видов линиите и навистина не знам кој ги цта. Не верувам дека тоа е офсајд. Судијата ми кажа дека така покажал компјутерот, но мислам дека е грешка“, кажа Ворнок.