Македонската женска ракометна репрезентација ги прави последните припреми до стартот на Европското првенство, кое ќе се игра во три држави, една од нив е Македонија. Првиот меч е закажан за 5. ноември, „црвено-жолтите“ играат против Франција во СЦ „Борис Трајковски“. Иако се аутсајдери во групата, сепак тоа не ги спречува да излезат на терен и да го остават срцето и да го пружат најдоброто од себе.
Пред почетокот на континенталното натпреварување доаѓа еден интересен видео-запис, ракометарките испратија порака до македонската јавност.
„Ние ќе играме со срце, вие навивајте за нас, нека пејат милиони во еден глас. Овој ноември да го вратиме сајајот на жеснкиот ракомет“, се дел од пораките.