Фудбалерките на САД беа супериорни и триумфираа со 4-1 против Германија во дербито на групата Б на Олимписките игри во Париз.
Натпреварот на „Велодром“ во Марсеј беше отворен со голот на Смит по десет минути игра. Сепак, Германките имаа одговор и преку Гвин се вратија во 22. минута. Само четири подоцна Американките повторно дојдоа до водство преку Свансон, а со вториот гол на Смит во финишот на полувремето ја удвоија предноста.
Печат на победата стави резервистката Вилијамс во финишот на дуелот. САД се на чекор до четвртфинале, бидејќи имаат шест бода во пресрет на последното коло и дуелот со Австралија. Германките и Австралијките имаат по три бодови.
Трилер натпревар одиграа селекциите на Франција и Канада кој заврши со победа на Канада од 1-2. До победата Канаѓанките дојдоа со гол во 12. минута од продолжението. Резултатот пред полувремето го отвори Катото (1-0) за Франција. Во продолжението Флеминг израмни на 1-1, а длабоко во судиското продолжение Жил беше стрелец за пресврт и триумф.
Со оваа победа Канада остана во трка за четвртфинале и покрај тоа што има шест одземени бода на турнирот! Во пресрет на последното коло Колумбија (ќе се судри со Канада) и Франција (игра против Нов Зеланд) имаат по три бода, а Канаѓанките и покрај двете победи се на нула. Следи голема драма во разврската на групата.