Македонскиот фудбалски интернационалец, Марио Илиевски почна да ги тресе мрежите за новиот клуб, бугарскиот прволигаш ЦСКА 1948 од Софија.
Тој се запиша во листата на стрелци на денешниот првенствен меч против Спартак Варна кој заврши без победник 2-2. Илиевски најдобро се снајде во 16 минута и донесе почетно водство на домашниот состав.
Во финишот на првото полувреме се тресеа мрежита на двата тима и на пауза се замина со 2-1 за составот од Софија. Во вториот дел Вутов преку пенал донесе бод за гостите.