Поминаа две години откако Кевин Дурант го напушти Голден Стејт Вориорс. Со тимот од Калифорнија, тој освои две шампионски титули во НБА, и беше МВП во двете финалиња.
Во летото 2019 година, тој се пресели во Бруклин Нетс, заслабнувајќи го еден од најсилните тимови во историјата на лигата, кој освен Дурант во тимот ги имаше Кари, Томпсон и Грин. Одамна се мислеше дека кавгата меѓу Дурант и Грин е причината за неговото заминување. Меѓутоа, во неодамнешното појавување во медиумите, и двајцата ја открија позадината на приказната и вистинскиот виновник за распадот на Дрим тимот.
Расправијата започна на почетокот на сезоната 2018/19. На крајот од тесниот натпревар против Лос Анџелес Клиперс, Грин испушти една топка, а Дурант се налути затоа што не му ја подаде. Дурант упати несоодветни зборови кон својот соиграч, после што тие беа разделени на клупата за да не се караат, а конфликтот продолжи и во соблекувалната.
И Дурант и Грин во своите изјави се сложуваат дека управата е виновна за распадот на шампионскиот состав кој можел многу подобро да реагира на смирување на ситуацијата но оставиле работите сами да се средат.