Фудбалскиот клуб Милан денеска официјално потврди дека нивното ново засилување е Алесандро Флоренци. 30 -годишниот Италијанец ќе го носи дресот со број 25.

Флоренци доаѓа во Милано на позајмица со право на откуп следното лето. Флоренци минатата сезона ја помина со Пари Сен Жермен. Италијанскиот фудбалер е стандарден репрезентативец и поранешен капитен на Рома, клуб за кого дебитираше во 2011 година.

Флоренци со висина од 173 сантиметри ја покрива позицијата на десниот бек. Милан издвои 1.000.000 евра за оваа позајмица, додека за потенцијално купување ќе треба да плати 4.500.000 евра.