Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов денес дебитираше во дресот на Шалке 04 во втората германска Бундеслига.
Шалке 04 во 4. коло загуби убедливо со 4-1 на гостувањето против Регенсбург, а Чурлинов ги одигра последните 30 минути од средбата кога веќе и беше одлучен победникот на натпреварот.
Регенсбург веќе имаше предност од 2-0 по 55 минути игра, а на крајот конечниот резултат беше 4-1. Чурлинов асистираше за единствениот гол на Шалке во 75. минута.