Македонскиот интернационалец Лука Станковски беше стрелец на натпреварот помеѓу екипите на Раднички Крагујевац и ТСЦ Бачка Топола (2-0).
Станковски во втората минута ја искористи грешката на дефанзивец на ТСЦ, му ја украде топката, по што ја затресе мрежата на домаќинот за водство од 1-0.
Раднички до крајот на мечот постигна и втор гол и го потврди триумфот од 2-0, со што стигна до 17 бодови и се искачи на петтото место на табелата.