Рома на домашен терен ја победи Специја (2:0) во последниот натпревар од 17. коло на Италијанското фудбалско првенство.
Победата на Рома ја обезбедија Смолинг (6′) и Ибанез (56′), кои му помогнаа на тимот да ја прекине серијата од два порази и да го престигне Јувентус на табелата.
Домашниот тим на крајот од мечот остана со играч помалку откако младиот Афена-Гјан постигна гол со рака. Така заработи втор жолт картон и беше исклучен во четвртата минута од судиското продолжение.
Рома чиј предводник е Жозе Мурињо е на шестото место со 28 бодови, исто колку и седмопласираниот Јувентус.
Standings provided by SofaScore LiveScore