Фудбалерите на Хајдук од Сплит триумфираа во натпрева од 35. коло на ХНЛ против Горица со 2-1 (1-1).
Стрелец на првиот гол за сплитските „бели“ беше Александар Трајковски. Македонскиот репрезентативец одлишно ја следеше акцијата, остана на пеналтикот и по една одбиена топка од Муфи, рутински погоди во гостинската мрежа за 1-1 по половина час игра.
За Трајковски ова беше четвртиот сезонски погодок или трет во последните шест натпревари во хрватското првенство.