Убедлив триумф остварија фудбалеритењ на Барселона против Рајо Ваљекано од 3-0 (1-0). Каталонскиот гигант по пауза од три години и пет меча во низа конечно го скрши тимот чиј гол го брани Столе Димитриевски. Во минатите дуели кумановчанецот беше еден од главните адути на Рајо за добрите резултати против фаворитот, меѓутоа овојпат тој и соиграчите капитулираа.

Резултатот го отвори Роберт Левандовски по три минути игра (1-0). Мрежите потоа мируваа до второто полувреме, а тогаш Педри со два брзи гола во 72. и 75. минута го потврди триумфот.

Висок пораз доживеа Атлетико Мадрид дома од Осасуна (1-4). „Јорганџиите“ немаа резултатски мотиви, а иако ниту гостинот ги немаше, сепак беше далеку помотивиран. Раул Гарсија беше двоен стрелец за Осасуна, погодија уште Ороз и Торо, додека Мората го даде почесниот гол за Атлетико.

Од водечките екипи победа запиша и Џирона на гостувањето на „Местаља“ кај Валенсија (1-3), додека сигурен беше и Атлетик Билбао против Севиља (2-0).

 

Вилјареал и Реал Мадрид одиграа епски н