Тимот на Борусија Дортмунд го победи Вердер со 1-0 во осмото коло од Бундес-лигата. „Милионерите“ со овој триумф стигнаа до 20 бода и се искачија на првата позиција на табелата.

„Жолто-црните“ долго се мачеа да го пробијат бедемот на Вердер, а тоа му успеа на Џулијан Брант во 67.минута, на асистенција на Емре Џан. Така, на најдобар начин го прослави јубилејот од 300 натпревари во Бундес-лигата.

 Борусија е лидер на табелата со 20 бода, еден повеќе од Баер Леверкузен кој својот меч од осмото коло ќе го игра утре на гости кај Волфсбург.

Симпатиите и аплаузите на „Сигнал Идуна парк“ ги заслужија и гостинските навивачи кои истакнаа транспарент со поддршка за еден од фановите на Борусија Дортмунд на кого му бил дијагностициран тумор.