Претседателот на Барселона се сретна со познатиот менаџер Мино Раиола во Италија, откри познатиот новинар Фабрицио Романо, кој навести дека Ерлинг Халанд и Пол Погба би можеле да бидат во игра за да се преселат на стадионот Камп Ноу.
Халанд наводно следното лето ќе чини 75 милиони евра, според клаузулата што ја има во договорот со Дортмунд, а тоа е сигнал големите клубови уште повеќе да тргнат по него.
Агентот на играчот, контроверзниот Мино Раиола, во интервју за германски Спорт 1 изјави дека неговиот клиент е подготвен за исчекор во кариерата и најави спектакуларен трансфер.
“Ерлинг ќе го направи следниот чекор во кариерата. Баерн, Реал, Барселона и Манчестер Сити се клубови во кои може да оди. Сити има повеќе титули од Манчестер Јунајтед во последните години”, изјави Раиола.
Романо се надоврза на оваа приказна откривајќи дека Лапорта одржал состанок со Раиола во Италија.
На Барселона би и било уште полесно да го доведе Погба, кој се уште не го продолжил договорот со Манчестер Јунајтед, а актуелниот му истекува следното лето.
“Ексклузивно. Претседателот на Барселона Жоан Лапорта денеска се сретна со Минo Раиола во Торино.Лапорта е во Италија за наградата Златно момче која ја доби Педри, а Раиола го сретна во познат хотел. Нивниот однос е одличен со години. Треба да се обрне внимание на Халанд и Погба“, напиша Романо.